Марио Стојановски останува во Вардар до 2026
01/11/2023Милан Лазаревски останува во Вардар до 2026 година
24/01/2024Пополнувајќи ги дефицитарните места во тимот со соодветни засилувања, повеќекратниот македонски првак Вардар 1961 ангажираше нов играч, на позицијата десен бек.
Веќе неколку денови во Скопје е Мохамед Тарик Бакар (23) кој тренира со екипата и заедно со кондициониот тренер Тони Богдановски со цел да биде подобро подготвен за пролетниот дел од сезоната. Новиот играч потпиша договор за следните 1,5 сезона, и во Вардар треба да остане во јуни 2025 година.
Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и напоширокиот список на сениорскиот репрезентативен тим.
Пет сезони игра во сениорската лига на Тунис, и има настапувано за екипите на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф каде настапуваше претходната сезона.
Во моментов на позицијата десен бек во тимот настапува Томислав Јагуриновски. Екипата на Вардар го освои првото место во групната фаза од првенството на Македонија и ќе тргне со три бода во плејофот.
Тимот веднаш после новогодишните празници ќе продолжи да се подготвува за пролетниот дел од сезоната, и своите тренинзи ќе ги одржува во Скопје.